Бајден: Ако падне Украина, американските војници ќе се борат со Русите
Во говорот пред Конгресот, во кој беше блокирана помошта за Украина, Бајден ги предупреди конгресмените дека доколку Путин ја преземе Украина, американските војници ќе се борат директно против Русите.
„Конгресот мора да одобри дополнителни средства за Украина пред членовите да одат на одмор. Тоа е наједноставната опција“, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.
Со одбивањето да го стори тоа, Конгресот е практично е подготвен да му го даде на Путин најголемиот подарок на кој и самиот не се надевал, порача Бајден.
Бајден потсети и на руските воени злосторства извршени во Украина, од киднапирањата на деца до уништувањето на цивилната инфраструктура.
„Ако Путин ја освои Украина, тој нема да застане туку ќе продолжи. Ова Путин многупати јавно и јасно го искажал . Ако Путин нападне сојузник на НАТО, а ние се обврзавме како НАТО членка, да ја одбраниме секоја педа од територијата на НАТО, тогаш ќе имаме нешто што не сакаме, а тоа е американски војници да влезат во директен судир со руските војници“, рече Бајден.
Американскиот претседател, исто така, нагласи дека САД не можат да дозволат Русија да победи, а евентуалниот неуспех на Вашингтон да и помогне на Украина „јасно ја зајакнува позицијата на Путин“.
Сепак, и покрај жестокиот говор на американскиот претседател, Конгресот сепак одби да го усвои предлогот за помош на Украина и Израел во износ од 105 милијарди долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа