Вучиќ го прими ко-основачот на „Епл“: Морав 15 пати да прогуглам кој е

 

Ко-основачот на компанијата „Епл“, Стив Возниак вчера пристигна во Белград каде што го пречека српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали, кој му го претстави градежниот проект „Експо 2027“, по што му врачи корпа со органски јаболка. Возниак вчера се сретна и со премиерката Ана Брнабиќ, а денеска беше примен од претседателот Александар Вучиќ, кој по средбата даде изјава за медиумите.

„Горд сум што е денеска со нас… Не знам точно што да кажам… Пронаоѓач и еден од основачите на Епл, но и еден за кој, луѓето, кои за разлика од мене, ја разбираат работата со која Стив Возњак се занимаваше, велат дека е генијалец, горд сум што е денеска во нашата земја, пресреќен сум што имам можност да го угостам.

Истовремено се занимавал со филантропски движења, најчесто подучувајќи деца. Тој е тука со сопругата Џенет и многу сум им благодарен за разговорите што ги водевме, бидејќи не можам да зборувам за компјутери, не знам ништо за тоа, освен да притиснам и да исклучам и евентуално да напишам некој текст, ништо друго“, рече Вучиќ.

„Кога ми кажаа, прво морав да прегледам 15 пати преку Гугл за да видам кој е Стив Возниак, слушнав, но сега… Кога им го кажав ова на некои пријатели кои се занимаваат со компјутери, ме прашаа: Шефе, можеме ли некаде да се сретнеме со него? Може ли да го чекам пред ресторанот?” Не знаев дека такво нешто постои во светот, знаев дека спортистите се ѕвезди, културни работници, мислев дека ѕвездите често се и политичари. Ние сме ништо во споредба со Стив Возниак, тој е таква ѕвезда, каква што не сум видел.

Некогаш доаѓаа тука најголемите американски актери, не сум слушнал дека некој е толку голема ѕвезда како Стив Возниак, толку е лудилото во Србија да го видиш, само да му подадеш рака, да се сликаш. Ќе искористам малку од тоа задоволство и ќе одам на ручек со Возниак“, додаде Вучиќ.

06.12.2023 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега