Ковачевски: Двојни избори на 8 мај
Премиер Ковачевски на денешната прес конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека редовните избори ќе се одржат на 24 април и тоа прв круг претседателски избори и 8 мај за втор круг претседателски и парламентарни избори.
-Техничка влада ќе има од 28 јануари. Сите кои ја гледаат државата во ЕУ, ги повикуваме да ни се приклучат во европскиот фронт. Многу е важно сите проевропски и прогресивни демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика, заеднички врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел, членство во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.
Тој рече дека лидерската средба поминала во конструктивна атмосфера, со широк конзензус и договор во однос на промената на изборното законодавство согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР и определувањето на датумите за избори.
Ковачевски исто така информираше дека Извршниот комитет на СДСМ синоќа донел одлука за формирање Европски фронт и за избор на кандидат за претседателски избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа