Бурек со црви кифли со бубашваби - што се наоѓаат скопјаните во храната која ја јадат

 

Бубашваби во кифла, бурек со црви, мува во лиснато тесто, расипано млеко, јајца и риба....ова се само дел од нештата кои граѓаните ги купиле и нашле во храната во Скопје, како и другите градови низ Македонија.  

Како што пишува Дневник, до Агенцијата за храна и ветеринарство односно до Одделението за заштита на потрошувачи од почетокот на годинава до сега пристигнале 190 претставки од кои 70 отсот биле основани.

- Kај поднесените претставки за храна од неживотинско потекло, во поголем дел претставките се однесуваат на означувањето и декларацијата на производите, изминатиот рок на употреба и присуство на контаминенти и туѓи тела во храната. Kога станува збор за претставките кои се однесуваат на храна од животинско потекло, наводите во нив во најголем дел се однесуваат на органолептички изменети својства како мирис, боја и вкус на месо и преработки од месо и мелено месо, риба, млеко и преработки од млеко, продажба на јајца на пазарите и безбедноста и квалитетот на медот - велат во Агенцијата за храна, за Дневник.

Од Агенцијата додаваат дека донесени се 56 решенија, извршени се 39 едукации, покренати се осум прекршочни пријави, наплатена е глоба на осум правни субјекти и уништени се 9.720 килограми небезбедна храна.

16.12.2013 - 11:32
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега