Сите очи вперени во вратоврската на кралот Чарлс со грчкото знаме
Изборот на вратоврската од страна на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека тоа е шифрирана порака наменета за британскиот премиер Риши Сунак, бидејќи кралската вратоврска го претставува грчкото знаме.
Ова се случува во време кога на спор меѓу британскиот и грчкиот премиер поради скулптурите од Партенон кои британската влада ги однесе во Велика Британија пред повеќе од 200 години.
Бакингемската палата сугерираше дека изборот на кралската вратоврска е резултат на случаен избор на парче облека, пренесува „Би-Би-Си“.
Извори блиски до британското кралско семејство истакнаа дека кралот Чарлс ја носел истата вратоврска на самитот COP28 во Дубаи во петокот за време на состанокот со делегацијата на Јужна Кореја.
Истите извори тврдат дека вратоврската што ја носел кралот на средбата со премиерот Сунак немала никаква врска ниту со Грција, ниту со дипломатскиот спор околу скулптурите однесени од Грција во Велика Британија.
Грчко-британскиот спор е дали скулптурите, познати и како Елгински мермери, мора да бидат вратени во Атина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа