ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска – четири години затвор, а за украдени милион евра – две и пол години

 

Измените на Казнениот законик најдобро се гледаат во денешната пресуда на Мухамед Зеќири. Казната во старите одредби на Законикот изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени затвор до 5 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За косата на Радмила Шекеринска, човек е казнет 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра – Зекири е осуден на две и пол години затвор. Ова се придобивките од шверцерските измени што беа направени пред еден месец.

СДС фразата „нема правда нема мир“ ја претвори во мртво слово на хартија. Селективната правда е неправда, за едни правосудниот систем е мајка и дава благи казни, а за други е маќеа и драконски ги казнува. Во конкретниот случај правосудните органи не се ни потрудија да ја прошират истрагата и да откријат кој сè стои зад овој скандал со злоупотреба на народните пари. Самиот Зекири кажува дека целата постапка ја водел според тоа како му кажале во Владата, особено според насоките на Фатмир Битиќи, кој бил одговорен за процесот и кој ги давал насоките за физибилити-студијата за приватизација на ‘Македонска пошта’“, се истакнува во нивнотот официјално соопштение.

Впрочем, како што велат, токму во тоа треба да се бара олеснителната казна за Зеќири.

01.12.2023 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега