Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 и 26.11.2023 од 08 до 16 часот.
„Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота од 08 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко“, велат од МВР.
24.11.2023 - 16:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа