(Видео) Гаф на градоначалникот на Белград: „Отворивме прифатилиште за, за… Како се викаат?

 

 

Градоначалникот на Белград во заминување, Александар Шапиќ, имаше нов гаф кога отвораше прифатилиште за луѓе кои немаат покрив над главата. Инаку, во Србија е во тек изборна кампања во пресрет на парламентарните и локалните избори кои ќе се одржат на 17 декември.

„Денес дојдовме овде во привремено засолниште за… Како се викаат“, рекол Шапиќ и им се обратил на колегите кои му рекле дека е таму поради бездомниците, пренесува Нова.рс.

„За бездомниците“, додаде Шапиќ по добивањето на потврдата. Ова не е прва спорна изјава на Шапиќ за време на изборната кампања.

22.11.2023 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега