Истражување со неочекувани резултати: Граѓаните кои строго ги почитувале правилата за карантин имаат најлошо ментално здравје денес

 

Луѓето што строго ги почитувале правилата за карантин за време на пандемијата на Ковид имаат најлошо ментално здравје денес, покажува студијата објавена од британски „Гардијан“.

Оние што внимателно ги следеа ограничувањата кога почна пандемијата имаат поголема веројатност да страдаат од стрес, анксиозност и депресија, открија академици од Универзитетот „Бангор“.

Како што открија, луѓето со квалитети на грижа, чувствителност и свесност за потребите на другите најригорозно се придржувале до протоколот за карантин.

21.11.2023 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега