Столтенберг: Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО
Република Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО. Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Македонија може да се потпре на НАТО, изјави денеска на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.
-Вие придонесувате кон безбедноста и стабилнпста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово, Решени сте да дојдете до два проценти од БДП потрошени на одбраната до следната година, а Северна Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина. Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност силидарноста на НАТО на дело, нагласи Столтенберг.
Тој посочи дека безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО и, како што рече, тука има причини за загриженост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа