Од полноќ нови цени на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика денеска има редовна седница на која меѓу другото ќе донесе и одлука за корекција на малопродажните цени на нафтените деривати. Новите цени ќе важат од полноќ.
Цената на суровата нафта е во пораст по значителното намалување во пресрет на викендот. Тогаш барел нафта се тргуваше за околу 77 долари додека во моментов цената е над 81 долар.


Доларот во последните месец дена губи од својата вредност во однос на еврото а со тоа и на денарот. Во моментов еден долар има среден курс од околу 56 денари што е најниско ниво во последните 30 дена.

 

Во моментов литар бензин од 95 октани чини 80 денари, додека литар дизел се продава по цена од 77, денари.

Тоа е најниска цена од почетокот на август оваа година

 

 

20.11.2023 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега