Застаре уште едно дело на Мијалков - измените на КЗ го спасија од Титаник 2
Сашо Мијалков нема да одговара за кривично дело примање награда за противзаконито влијание во предметот Титаник 2 на поранешното СЈО, јави Сител.
Со одлука на Апелациониот суд, укинато е обвинението против него, а во образложението на одлуката се наведува дека тоа е направено заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните, па кривичното дело за кое тој одговараше, сега е веќе застарено.
За останатите обвинети, Апелациониот суд ја преиначи пресудата, и затворските казни им ги замени со условни.
Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајковски беа осудени на затвор од по 2 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа