Од утре вистински хаос во продавниците на Нептун

 

Шопинг треска во Македонија. Предновогодишните попусти ги наполнија маркетите.. Од утре па до среда со екстра попуст ќе може да се купува и во ланецот за бела техника Нептун.

Од менаџерскиот тим велат дека среќен ден го организираат веќе неколку години со цел потрошувачите по намалени цени на сите производи да можат да си го купат посакуваниот производ за себе или пак за подарок.

Шопинг традицијата која во Америка се нарекува црн петок полека се пренесува и кај нас. Поради зголемен обрт на трговците но и поволни цени за купувачите се прават големи распродажби на кои често се чека и ред за да се влезе во маркет.

Праксата покажува дека Македонците на попуст најчесто купуваат телевизори, телефони но и останати апарати за домаќинство.

15.12.2013 - 21:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега