Тренчевска: Продолжуваме со позитивни искуства со UNHCR исто како досега
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри на која и завршува пет годишниот мандат во Република Северна Македонија.
На состанокот се разговараше за напредокот на земјата во изминатиот период и за соработката која државата ја има со UN агенциите.
Сандри на средбата зборуваше за кризата со миграциите и за интеграција на бегалците во државата истакнувајќи дека интеграцијата може да се постигне со обезбедување на поголем пристап до сите материјални добра.
Тренчевска се заблагодари за пет годишната соработка со Сандри и ѝ посака успешна понатамошна работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа