Уапсена наставничка која имала сексуални односи со 14-годишен ученик, му давала алкохол и марихуана
Американците ја уапсија Мелиса Мари Кертис (31) за случај стар осум години. Откриено е дека таа имала врска со ученик кој тогаш имал 14 години, а била негова учителка. Таа тогаш имала 23 години и штотуку почнала да работи во училиштето.
Случајот бил отворен откако возрасен маж пријавил во полиција. Не е јасно дали пријавила жртвата или некој од неговото семејство.
„Њујорк пост“ пишува дека Мелиса го заведувала ученикот додека работела во училиште во Монтгомери.
Тоа траело неколку месеци во 2015 година. Таа наводно му давала алкохол и марихуана, спиела со него повеќе од 20 пати, а се среќавале и во неговата куќа, автомобилот, дури и во училницата. Наводно и во кино го допирала непримерно, јавува 24 часа.
Полицијата стравува дека меѓу учениците може да има уште жртви, па ги повикаа сите кои имале слични искуства со оваа учителка веднаш да се јават кај нив.
Мелиса е во притвор откако се предала и чека сослушување за кауција. Таа се соочува со неколкугодишна затворска казна поради сексуална злоупотреба на малолетно лице.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа