ЈОРСМ: Политичарите да се воздржат од употреба на предметот за Онкологија во политички цели
Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмит Меџити дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија.
Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.
-Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели, порачуваат од Обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа