(Видео) Има злоупотреба на европското знаменце, нема напредок во борбата против корупцијата и владеењето на правото, извештајот е правичен, оценува Гир

 

Иако ЕК потенцира одредени области каде е постигнат напредок, тој е многу искрен за оние области каде не е постигнат напредок особено за оние области кои ние ги сметаме за толку важни и ги опишуваме како дел од основите во пристапните преговори, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир за Извештајот за напредокот на државата објавен од старана на Европската комисија.

Тој укажа на областите каде Македонија нема постигнато напредок а тоа како што рече е пред се со владеењето на правото, борбата против корупција, реформите во јавната администрација и основните човекови права. Извештајот како што рече е искрен, но правичен.

 

„Сакаме да ги охрабриме властите како и сите политички актери да направат многу повеќе за да ги унапредат реформите. Сите сфаќаме дека проширувањето е во наш взаемен интерес.

Северна Македонија продолжи да ги засилува своите напори за да ја зацврсти демократијата додека се соочува со значитекни предизвици во владеењето на правото. Во Извештајот се искажува загриженост за политичката поларизација што влијаеше врз работата на Собранието со што се одолжуваат потребните реформи. Процесот за пристапување кон ЕУ бара консензус меѓу политичките партии токму за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури. Повиуваме на тоа дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласт со ЕУ нормите а не да се скрати дебатата за важни прашања. Има злоупотреба на знаменцето во случајот на измените на кривичните закони и законите поврзани со патните коридори 8 и 10Д Бехтел и Енка Договорот“, потенцира Гир.

Подвлече дека напредок не е постигнат и во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

„Корупцијата останува присутна во многу области и останува прашање на загриженост. Имаме случаи на корупција на високо ниво кои што се зголемуваат. Тоа резултира и со застареност на случаите и тоа е нотирано како прашање на сериозна загриженост за тоа што измените на Кривичниот закон ги намалија максималните казни за некои случаи.

Во јавната администрација има ограничен напредок“, рече тој.

Додаде дека условите во затворите и натаму се лоши и не се следат препораките од Европскиот комитет за превенција од тортура.

09.11.2023 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега