Министерство за транспорт: Се појавија 11 свкечишта на Кичево - Охрид - нема да завршиме до 31 декември

Министерството за транспорт се огласи по серијата критики дека повторно ќе се пробие рокот во кој требаше да се изгради автопатот од Кичево до Охрид

 

„Во овој момент, во тек е ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и услогласеност како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции.

 

 

Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експрест за Фидик договори  преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид.

 

Ова е потребно од причина што рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта преку Владата на Република Северна Македонија ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект.

 

Дополнително, информираме дека појавени се единесет нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експрети кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект.

 

Реализацијата на овој проект е од стратешко значење за Република Северна Македонија, истиот е дел од Коридор 8 како главен европски коридор. Приоритет на Владата на Северна Македонија е завршување на овој проект и во таа насока ќе се преземат сите  активности за негова реализација.“ - се вели во соопштението на Министерството за транспорт во кое како што може да се види, веќе нема ни прогноза кога овој проект кој се влече речи си една деценија целосно ќе биде затворен.

06.11.2023 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега