Полицијата си ги прибира криминалците - зад решетки завршија двајца барани по потерница
СВР Скопје денеска го лишила од слобода Ќ.М. (34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од шест години за сторено кривично дело по чл.418-в ст.1 и чл.418-б ст.4 во врска со ст.2 и чл.45 од КЗ.
Како што соопшти МВР, СВР Скопје денеска го лишила од слобода и М.А. (56) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по чл.396 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено-поправни установи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа