Османи не ги видел пораките во Чаир: Нетолеранцијата е спротивна на законот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска тврдеше дека не ги видел националистичките пораки на стадионот во Чаир кои ги истакнаа навивачите на домашниот тим на мечот од првата македонска фудбалска лига меѓу Шкупи и Вардар.

„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот.“ – кратко одговори Османи откако претходно на друго прашање ја критикуваше опозицијата дека поттикнува нетолеранција.

За слични пораки ФФМ делела казни за домашните тимови, но до овој момент, нема никаква реакција.

06.11.2023 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега