ДОМ апелира на заедничка акција против загадувањето во Скопје
ДОМ ги повикува граѓаните и институциите да се вклучат во заедничка акција против загадувањето во Скопје.
- Заедничката акција е неопходна зашто загадувањето има многу лица. Најголемо е од индустриските капацитети кои не работат според еколошки стандарди, но и од транспортот, градежништвото и греењето на колективните и индивидуалните објекти, истакна претседателот на ДОМ Лилјана Поповска.
Партијата бара и контролни резултати од државна лабораторија за мерењата на загадувањето, добиени вонекои приватни акредитирани лаборатории.
- Затоа од поодамна бараме и предлагаме доопремување и акредитација на лабораторијата при Министерството за животна средина. Одиме и чекор понатаму, бараме формирање државна хемиска лабораторија како институција што ќе ги обедини сите државни лаборатории од различни области, по примерот на некои земји. Суштински чекор за мониторинг на сите параметри на загадувањето е постоење соодветна хемиска лабораторија, нагласи Поповска.
Исто така, од партијата го поздравуваат Градот Скопје за мерки од прв степен поради загаденоста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа