Во Бразил развиена првата вакцина против зависност од кокаин
Научниците во Бразил развиле вакцина дизајнирана да се бори против зависност од кокаин.
Со тоа зависниците ќе бидат спречени да го почувствуваат дејството на дрогата и би требало да им помогаат да се опорават од таа зависност.
Лекот, познат како каликскока, е развиена од тимот од бразилскиот Федерален универзитет Минас Жераис.
Прелиминарните тестови на животни биле позитивни, и лекот е подготвен за испитување на луѓе.
„Доколку добие одобрување, лекот би бил прва вакцина која би се користела за борба од зависност од кокаин“, рече координаторот на истражувачкиот тим, психијатарот Фредерико Гарсија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа