Претрес во село Ласкарци, пронајдено оружје и муниција

 

 

По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршија претрес на дом и други простории кај С.З. во село Ласкарци,скопско.

При претресот, во близина на помошен објект кој го користи, пронајдени се еден конвертиран пиштол, две празни рамки за автоматска пушка и 16 куршуми.

Исто така, при претрес во неговиот дом, пронајдени се и три пиштоли и ловна пушка. С.З е приведен и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

20.10.2023 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега