Бајден: Изгледа дека нападот врз болницата го извршила друга страна, а не Израел
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Вашингтон ќе го снабди Израел со сè што му е потребно за да се одбрани во војната против Хамас, милитантното палестинско движење, истовремено сугерирајќи дека палестинската страна стои зад експлозијата во болницата во Газа.
Бајден утрово слета во Израел и се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека Хамас е полош од Исламската држава бидејќи уби цивили во ненадеен напад на 7 октомври, кој предизвика судири. Бајден рече дека тогаш биле убиени и 31 Американец.
Тој нагласи дека е тажен и бесен поради експлозијата во болницата во Појасот Газа во вторникот. Хамас тврди дека таму загинале неколку стотици луѓе.
„Врз основа на она што го видов, изгледа дека другата страна го направи тоа, а не Израел“, изјави американскиот претседател.
Израел тврди дека експлозијата била предизвикана од палестинска ракета од групата Исламски џихад, што Палестинците го отфрлаат.
„Мораме да запомниме дека Хамас не ги претставува сите Палестинци и им донесе страдање“, заклучи Бајден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа