(ВИДЕО) Каевски: ММФ ги подобри проекциите за македонската економија, мерките на СДСМ даваат резултати

 

„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, економијата е отпорна во време на глобална криза.
Мерките за намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени продукти со ‘гарантирана’, директно влијаеа за заштита на стандардот на народот но и за намалување на инфлацијата“. Ова го истакна на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој додаде дека потврда за тоа било намалувањето на инфлацијата на досега најниски 6.6%.

„Иако е глобална криза македонската економија расте и тој раст ќе продолжи. Потврда за добрите економски мерки стигна и релевантна меѓународна финансиска институција. ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува стапка на раст од 2,5% годинава и 3,2% за 2024 година. Проекциите на ММФ се дека растот на БДП во земјава ќе биде поголем од оној на Србија, Бугарија Словенија, како и за 1,8 проценти повисок во однос на просекот на ЕУ.
Македонија го задржа и кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, изјави Каевски.

15.10.2023 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа