Пет поени за Перо Антиќ - Атланта поразена

 

Кошаркарите на Атланта со пораз се враќаат од гостувањето кај Њујорк откако ноќеска загубија со 111:106. Нашиот Перо Антиќ на теренот заигра само десетина минути постигна 5 поени, а имаше и еден офанзивен скок.

Преглед на резултатите на ноќешните натпревари: Њујорк – Атланта 111:106, Шарлот – ЛА Лејкерс 85:88, Вашингтон – ЛА Клиперс 97:113, Мајами – Кливленд 114:107, Чикаго – Торонто 77:99, Филаделфија – Портланд 105:139, Далас – Милвоки 106:93 и Јута – Сан Антонио 84:100.

Вечерва се играат натпреварите: Сакраменто – Хјустон, Мемфис – Минесота, Детроит – Портланд, Оклахома Сити – Орландо, Денвер – Њу Орлеанс и Феникс – Голден Стејт.

15.12.2013 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега