Фатен член на Хамас, од саботата се криел во кампот на „фестивалот на смртта“

 

Одбранбените сили на Израел сè уште го пребаруваат главниот камп на фестивалот Нова, местото на еден од најлошите терористички напади во историјата на земјата, во кој загинаа најмалку 260 луѓе. Скај њуз беше сведок на фаќањето на член на Хамас кој со денови се криел во кампот.

„Војниците трчаа кон надворешниот раб на кампот. Уапсија човек со нож за кој веруваат дека е борец на Хамас кој се криел на местото на злосторството од саботата. Војниците го соблекле човекот, го натерале да клекне на подот , му ги врзале очите и му ставиле лисици“, јавуваат новинарите на Sky News.

Веќе подолго време постои загриженост дека милитантите на Хамас сè уште се кријат на различни локации во јужен Израел откако во голем број ја преминале границата од Газа. На новинарите на местото на настанот им било кажано да заминат бидејќи повеќе војници се распоредени во кампот. Еден војник на ИД им рекол дека ситуацијата е сè уште многу опасна и нестабилна.

12.10.2023 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега