Поранешен лидер на Хамас: Муслимани во светот, обединете се, излезете на улиците за поддршка на Палестинците
Поранешниот лидер на Хамас Калед Мешал ги повика муслиманите ширум светот да излезат на улиците и плоштадите утре за да протестираат за поддршка на Палестинците и ги повика соседните земји да се приклучат во борбата против Израел.
Во снимената изјава испратена до Ројтерс, се слуша дека Мешал вели: „Мораме да излеземе на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет во петок“. Мешал моментално е во Катар и ја предводи канцеларијата на Хамас за дијаспората.
Во изјавата, тој им рече на муслиманите дека луѓето и владините претставници во Египет, Сирија, Либан и Јордан имаат одговорност да ги поддржат Палестинците, бидејќи огромното мнозинство палестински бегалци ги нарекуваат Јордан и Либан дома.
„Племињата на Јордан, синовите на Јордан, браќата и сестрите на Јордан. Ова е моментот на вистината и границите се блиску до вас, сите ја знаете вашата одговорност“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа