ММФ предупредува: Војната е новиот темен облак на хоризонтот

 

Војната меѓу Израел и Хамас е „нов облак“ на хоризонтот кој се заканува да ја затемни и онака мрачната глобална економска перспектива, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева.

Таа оцени дека тешките шокови стануваат „нова нормала“ во економијата во која доминира слаб раст.

Говорејќи на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Маракеш, таа потврди дека „внимателно следи како се развива ситуацијата“ – особено кога станува збор за цената на нафтата.

12.10.2023 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега