Ивановска: Државните институции не ги спроведуваат нашите препораки - тоа ни е најболна точна во ДКСК

 

„Неспроведувањето на националната програма и на препораките испратени до државните институции, се најболните точки во работата на актулениот состав на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)“, изјави првата антикорупционерка Билјана Ивановска во вечерашното гостување во Топ Тема на ТВ Телма.

Мандатот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата истекува на 7 февруари, а претседателката на Комисијата Билјана Ивановска апелира Собранието навреме да го распише огласот и да се изберат новите членови бидејќи следната година е изборна.

Ивановска за Топ Тема на ТВ Телма најави дека годишниот извештај за нивната работа ќе го достават до Собранието до крајот на јануари.

11.10.2023 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега