Министерство за правда: Процесот на изготвување на новиот Кривичен закон е целосно инклузивен и транспарентен

 

 

Работната група за изготвување на новиот Кривичен законик е самостојна во своето работење и до сега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите.

„Во однос на ставот на „БЛУПРИНТ“ сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат“, истакнуваат од Министерството за правда.

Според нив процесот на изготвување на новиот Кривичен закон е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство.

Оваа обврска, како што велат, произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди.

09.10.2023 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега