Деветмината велешани од Израел безбедно се вратија дома

 

Деветмината туристи од Велес кои се затекнаа во Тел Авив за време на нападите од Хамас врз Израел безбедно се вратени во Македонија, информираат од МНР.

 

Тие вчера беа прифатени на специјалниот лет на Владата на Албанија до Тирана, по што од таму продолжија кон Македонија.

 

Според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, кои МНР очекува да се пријават, или да бидат пријавени од нивните блиски во контакт центрите.

09.10.2023 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега