Времето денеска: Сончево и посвежо со мала до умерена облачност

 

 

По должината на Повардарието умерен северен ветер ќе има и во утринските часови. Преку денот ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Дневната температура утре ќе опадне за 3 до 6 степени во однос на денешната. Во вторник и в среда ќе има локално зголемување на облачноста со услови за појава на краткотраен дожд. Утре и особено во вторник по должината на Повардарието ќе засилува северозападен ветер.

09.10.2023 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега