Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, граѓаните да бидат спокојни, порачува Бектеши

 

 

„Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5%“, напиша на својот Фејсбук профил, министерот за економија Крешник Бектеши.

Во врска со одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени произвиди, Бектеши напиша дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира.

„Доколку во случај има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата“ напиша Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.

„Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат“ потенцира Бектеши.

06.10.2023 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега