Мазутот со намалена цена, бензините и дизелот остануваат непроменети

 

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 5.10.2023 година.

Од 7.10.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 83,50 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,50 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 45,973 (денари/килограм)

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,006 денар/кг и сега ќе изнесува 45,973 денари/кг.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,319 %, кај дизелот за 3,744 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 3,999 % и кај мазутот намалувањето е за 2,775 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,074 %.

06.10.2023 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа