Дрецун: Ситуацијата во Косово зависи од резултатите од истрагата за конфликтот во Бањска

 

 

Претседателот на собраниската Комисија за Косово, Милован Дрецун изјави дека развојот на ситуацијата на Косово зависи од тоа како ќе заврши истрагата за конфликтот во Бањска и чија верзија ќе биде прифатена.

Дрецун истакна дека доколку се прифатат резултатите од истрагата што ја спроведува српската страна, ќе има смирување на ситуацијата.

„Приштина се обидува да ја искористи ситуацијата против Белград и укажува дека сега никој не зборува за изборите, ниту за ЗСО“, изјави Дрецун за РТС.

04.10.2023 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега