Вучевиќ: Состојбата на Косово е вознемирувачка, а животот на Србите е неодржлив
Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ оцени дека состојбата на Косово е во најмала рака вознемирувачка и дека животот е неодржлив за Србите.
Како што рече, од доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти на чело на приштинските институции, бројот на Србите на Косово е намален за 11 отсто и стравува дека овој тренд ќе продолжи.
„Имаме искрено воодушевување од сите Срби кои останаа и преживуваат на Косово сите овие години“, рече Вучевиќ во изјава за медиумите.
04.10.2023 - 09:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа