(ВИДЕО) Малолетничка на „Тик-Ток“ го кине, па плука српското знаме
Полицијата на Црна Гора распиша потрага по малолетно девојче, откако масовно се прошири видео на кое тоа го кине знамето на Србија, а потоа го плука.
На видеото се додадени налепница на украинското знаме и два бакнежи, додека во позадина се слуша песна чиј стих гласи: „Слава на Украина“.
Шефот на Основното државно обвинителство во Бар, обвинителот Радован Ѓуришиќ, за црногорскиот портал „Вијести“ претходно денеска изјавил дека надлежните служби веќе ја идентификувале малолетничката.
„Полициската управа, Регионален центар ЈУГ, Одделот за безбедност, Бар го извести Основното државно обвинителство Бар, за видеото на кое се гледа како малолетничка го кине и уништува државното знаме на Република Србија. Малолетничката е идентификувана и распишана е наредба за нејзин претрес“, изјавил Ѓуришиќ за „Вијести“.
Видеото погледнете го ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа