Вучиќ со моќна прака:„Ќе ја бранам Србија, дури и да сум единствен“
Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил сподели важна порака до граѓаните на Србија.
„Ќе ја бранам нашата Србија, дури и да сум единствениот што го прави тоа. И знам дека не сум единствениот, Србија ќе живее!“, пишуваше на фотографијата објавена на Инстаграм профилот на „АВучиќ“.
Српскиот претседател во интервју за Си-ен-ен, кажа дека Србија е секогаш за преговори, но дека другата страна (Косово) не прави ништо во врска со тоа. Ги обвини косовските власти за малтретирање и апсење на српското население на Косово. Тој рече дека го осудува убиството на косовскиот полицаец, но дека треба да се разбере и српското население, кое, како што објасни, морало да се брани.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа