Кордалов: Потребна е поголема вклученост на младите во креирањето на јавни политики

 

Потребата од поголема вклученост на младите во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирање на јавни политики, беа дел од темите кои се дискутираа на денешната дебата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) насловена „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски пат - Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“.

Комуникологот и претседател на ИДУЕП, Бојан Кордалов вели дека ова е втора од сериите активности што ги имаат направено во насока на вклучување на младите да бидат дел од процесите и да зборуваат зошто ни треба Европската унија, од една страна, но во исто време и да ги мотивираат институциите. Многу е важно политичките партии да бидат обединети за младите, дециден беше Кордалов.

-Во континуитет изминативе седум месеци со работните посети на Брисел, Европската унија и Институтот, заедно со своите партнери и поддржувачи од таму, веќе работат на конкретни активности кои подразбираат перспектива за младите луѓе во ЕУ, но не само за иселување, односно менување на државјанството, туку пред сѐ да стекнат свои искуства, при што ќе решат и ќе сакаат тоа да го вратат назад во земјава и да го применат, рече Кордалов и додаде дека анкетите покажуваат дека мотивацијата кај младите кои сакаат да се вратат назад е загрижувачка, односно мал е процентот на оние кои сакаат да се вратат назад.

Институтот, вели Кордалов, дава такви инцијативи и до Секретаријатот за европски прашања и до Министерствтото за одбрана, во делот на ЕУ и НАТО, и има за цел поттикнување, односно давање на конкретен придонес во пристапувањето во ЕУ. Тој ги посочи институциите како најодговорни за слабиот интерес на младите да се вратат назад, но секако посочи дека граѓанскиот сектор и експертите мора да го дадат својот придонес во задржување на интересот кај младите да останат во земјава и да се вклучат во процесите на креирање на јавни политики.  

-Се надевам дека ќе разбереме дека младите луѓе кои ќе одат да работат во Брисел, да стекнуваат искуство, да ја претставуваат Македонија таму, е многу различно, отколку по секоја цена да сакаат да се иселат и да не сакаат да се вратат, бидејќи мобилноста е потребна, истакна претседателот на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, Бојан Кордалов. 

02.10.2023 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега