Битиќи: Заедничките политички интереси со САД отвораат нови потенцијали за економскиот раст и развој на Македонија
Северна Македонија ја ужива целосната поддршка на САД за нејзините стратешки политики за полноправно членство на земјата во ЕУ, изјави Зменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи како сублимат на неговиот престој во САД каде се сретна со високи претставници на Стејт департментот, Департментот за трговија и Департментот за финансии на САД, како и со претставници на Светската банка и ММФ.
„Заеднички беше оценето дека европска интеграцијата, не претставува само за усогласување со збир на политики, туку се работи и за прифаќање на иднина која ќе донесе многу повеќе можности за просперитет и напредок за секој од нас во Северна Македонија. Во нашите европски аспирации кои ги зајакнуваат идеалите на демократијата и просперитетот имаме силна поддршка од Вашингтон, но одлуката дали ќе изградиме држава која ќе ги отелотворува европските вредности ќе треба да се донесе од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи во неговата изјава го потенцираше признанието и охрабрувањето на американските власти за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа