ВИДЕО: За мажите забрането - 40.000 жени и деца навиваа за Фенербахче
Навивачите на Фенербахче се суспендирани поради вулгарно и непримерно навивање, па синоќешниот првенствен натпревар беше отворен само за жени и деца.
Ова не е прв пат клубот да превземе вакви мерки, против Маниса пред неколку години повеќе од 40.000 жени и деца беа присутни на трибините, а тогаш стадионот Шурки Сарачогли беше суспендиран поради навивачки нереди.
Сега управата на клубот презеде мерки, се споменува дека челниците на клубот сами реагирале поради тоа што им се заканувала сериозна казна, па решија да не им дозволат на мажите да присуствуваат на овој натпревар.
Ривал на лидерот на турскиот шампионат беше малку познатиот Акхисар, а домаќинот славеше со 4:0.
Имаше и “воџа” на трибините, мајки со деца, баби со шалови на клубот, во Турцијата фудбалот се сака и поголемиот дел од луѓето не го одобруваат насилството. Исто така, стадионите секогаш биле пречка за засилување на религиозниот конзервативизам, а секуларнот Турција е крајно чувствителна на тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа