Штрајкот на судската администрација го одложи судењето на Пендиков

 

Штрајкот на судската администрација за повисоки плати го одложи судското рочиште против охриѓанецот Илија Спасески, обвинет за тепањето на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

 

На следното рочиште, закажано за 26 октомври, на обвинителна клупа ќе седне и 23-годишниот битолчанец Борче Ангелев како второобвинет за кривичното дело нанесување тешки телесни повреди.

 

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид.

 

Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

 

21.09.2023 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега