Балкански картел во Шпанија фатен со повеќе од два тони кокаин

 

2,3 тони кокаин се запленети во шпанскиот пристанишен град Виго. Локалната полиција во соработка со американската агенција за борба против наркотици ДЕА пронашла кокаин скриен во рибарски брод. Уапсени се пет лица, а според полицијата дрогата е на таканаречениот Балкански картел.

Полицијата го пресретнала бродот натоварен со кокаин на оддалеченост од околу 40 наутички милји од Виго и уапсила четворица членови на екипажот на бродот, а подоцна и уште едно лице кое го придружувало товарот. Тој побегнал во Мадрид, но на крајот бил пронајден во хотел и уапсен. Полицијата упаднала и во стан во Ла Коруња каде запленила луксузен автомобил и околу 200.000 евра.

Шпанската полиција соопшти дека шверцерите ја доставувале дрогата со контејнерски бродови, за подоцна да ја претоварат во помали пловила. Утврдено е дека Балканскиот картел имал намера да ги користи шпанските пристаништа како транзитна точка за транспорт на кокаин од Јужна Америка.

17.09.2023 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега