ФОТО: Продолжува легализацијата на дивоградби во Кисела Вода

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ денеска по деветнаесети пат додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на 40 граѓани од општината.

- Правилниот урбанистички развој и утврдувањето на вистинскиот правец за уредување на просторот по мерка на граѓаните е врвен приоритет во работата на општина Кисела Вода. За жал, дури 50 проценти од станбените единици во Кисела Вода се подведени согласно Законот за легализација на дивоизградени објекти како нелегални, со што општината Кисела Вода е своевиден лидер по бројот на дивоградби на локално ниво, рече Беличанец – Алексиќ.

Градоначалничката потенцира дека во изминатите неколку месеци во просек се доделуваат по 40-тина решенија за легализација на неделна основа, односно за неколку месеци преку 620 нови решенија.

- Токму затоа, ја користам приликава да ги повикам сите правни и физички лица на кои им е изготвена Урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот и да ги подигнат согласностите, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите, апелираше Беличанец - Алексиќ.

14.12.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега