Времето денеска: Сончево со температура до 33 степени

 

 

Времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен.

Во Скопје,  сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во наредните денови ќе следи период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец. Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.

09.09.2023 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега