Сончево време со температура до 31 степен

 

 

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец.

08.09.2023 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега