Прв фестивал за миленици – „Скопје пет фест“

 

 

На 17 септември во Градскиот парк во Скопје првпат ќе се одржи „Скопје пет фест“ – најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.

Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и за нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина – едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за удомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кинопроекција, музика и многу забава за сите посетители.

Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување миленик, како и од најмали децата да имаат повеќе љубов и емпатија кон животните.

Почетокот на „Скопје пет фест“ е од 11 ч, а ќе трае до вечерните часови. Локацијата е во стариот дел на Градскиот парк на летната сцена „Лепеза“, а влезот е бесплатен за сите посетители.

07.09.2023 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега