Црна Гора: За четири дена најдени три човечки трупови
Во Сутоморе се пронајдени остатоци од човечки скелет, а како што информираат од полицијата за ЦДМ, се работи за женско лице чие исчезнување било пријавено во 2014 година. Ова е трет случај на пронаоѓање човечки останки во Црна Гора за само четири дена.
На обиколницата кај Манитовац (кај Железничкиот мост) во Никшиќ денеска е пронајден труп на машко лице во фаза на распаѓање.
Тело во поодмината фаза на распаѓање пред два дена било пронајдено во двор од напуштена куќа на Коник во Подгорица, информираше тогаш полицијата за ЦДМ. Куќата е напуштена, бидејќи сопственикот се отселил. Наредена е обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа