(ВИДЕО) Во Грција се протестира против новите лични карти: „Имаат чип за следење и контрола на умот“
Минатата ноќ, околу 5.000 луѓе се собраа во Солун на протест против новите лични карти, што ќе бидат воведени подоцна овој месец, соопшти полицијата, објавија грчките медиуми.
Тие го пуштија и говорот на починатиот поранешен поглавар на Грчката православна црква, архиепископот од Атина, Христодулос, во кој тој зборува за непријателите на грчкиот народ.
Новите електронски лични карти ќе ги заменат сегашните грчки лични карти и ќе ги содржат истите информации, како име и презиме, име на родителот, адреса и висина. Единствените дополнителни информации, крвната група, се опционални.
Но, картичките поттикнаа теории на заговор, при што некои тврдат дека новите лични карти содржат чипови што ќе им овозможат на властите точно да ја одредат локацијата на сопственикот на картичката или дури да го контролираат нивниот ум. Повеќето од противниците на новите лични карти се длабоко религиозни. На протестот тие носеа крстови и верски икони.
Минатата ноќ, околу 5.000 луѓе се собраа во Солун на протест против новите лични карти, што ќе бидат воведени подоцна овој месец, соопшти полицијата, објавија грчките медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа